Македонија 10. јануари 2019. / 21:34

Гордана Јанкулоска му спушти на Груевски: На 800 километри од Македонија, лесно е да се правиш паметен

Гордана Јанкулоска му спушти на Груевски: На 800 километри од Македонија, лесно е да се правиш паметен

Гордана Јанкулоска pоранешната министерка за внатрешни работи  и блиска соработничка на Никола Груевски на Фејсбук му реплицира на екс лидерот дека е лесно да се коментира на 800 километри одалеченост од Македонија.

– Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатот, му напиша Јанкулоска на Груевски.