Поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев, на својот ФБ профил денес објави статус според кој консултативниот референдум не би имал легитимитет. Според неговот објаснување, за било каква консултација дискутабилно е зошто воопшто да има цензус, додека истовремено го проблематизира и ставот на ВМРО ДПМНЕ кој според него би можеле да организираат „прикриен бојкот“.
„Да не биде после ем пропаднат референдум, ем предвремени избори на површина. Македонијо партал си!“ го завршува својот ФБ статус Георгиев, во кој може да се примети видно разочарување од односот на јавноста и кон договорот со Грција, и кон однесувањето на власта околу референдумот.