Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски се најде во пат ситуација по поразот на неговата партија против коалицијата СДСМ-БЕСА. Мицкоски е ставен пред свршен чин и нема избор, пишува Горан Момироски во колумна за expres.mk.
Каков избор воопшто може да има кога, во моментите во кои преку промени во статутот се откажа од Никола Груевски, против него за само 48 часа се кренаа најголем дел од оние кои се главните симболи на Груевизмот.
Што да се чини кога смена на Мицкоски бара еден од најбогатите и најмоќни луѓе во државата, кој беше 9 години шеф на тајната служба и кој сеуште е еден од главните аргументи на Заев и СДСМ, неутралните гласачи но и меѓународната заедница зошто ВМРО-ДПМНЕ не смее никогаш повеќе да се врати на власт, вели Момироски.
Тој прашува каков е изборот на Мицкоски пред можноста тој да замине а ВМРО-ДПМНЕ да биде преводена од Мијалков и неговите соработници? Има ли воопшто избор Мицкоски на 14 месеци пред локалните а според сите најави и новите предвремени избори?
Што би правеле вие ако од вас побара оставка Никола Тодоров еден од омилените министри на Груевски и своевремено главен кандидат за негов наследник, или Ивица Коневски поради кого во „вмровскиот“ Аеродром победи и мирно без потреси владее еден Златко Марин.
Во групата која Арсим Зеколи многу луцидно ја нарекува „Вмровците на Заев“ влегуваат и Митко Јанчев, Даниела Рангелова, „Осумтемина“ пребези со се Зекир Рамчиловиќ кој прво беше вмровски пратеник па беше кандидат на СДСМ на изборите а се уште се претставува како „вмровец“.
Всушност Мицкоски воопшто не мора да носи никаква одлука, смета Момироски.
Според него Мицкоски треба да биде пресреќен што лица од таков „калибар“ отворено станаа против него, што е доказ дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од трн во око на актуелната власт која позадински се обидува да му зададе низок удар.,.
Целата колумна може да ја прочитате на следниот ЛИНК.