Македонија 15. March 2019. / 15:26

Горан Ангелов: Не барам да ми и се укине мерката притвор, супер ми е во „Шутка“

Горан Ангелов: Не барам да ми и се укине мерката притвор, супер ми е во „Шутка“

Горанче Анѓелов Ќосето доби 12 години затвор за „крвавиот четврток“, а по завршување на судењето не се противеше на барањето на ОЈО да му се продолѓи притворот.

– Не барам да ми се укине мерката притвор, супер си се чуствувам во „Шутка“, немам имот не сум крадел и ќе си останам во Шутка. Ви благодарам- кус беше Анѓелов.

Адвокатката на обвинетиот Влатко Трајковски исто така рече дека дека е неосновано барањето за мерката притвор, бидејќи постојат и други мерки за претпљзливост. Тој ќе ја депонира патната исорава и ќе се јавува судот.
Влатко Трајковски во својата одбрана за мерката притвор рече “јас нема да одам во куќен притвор, ќе си ги продадам децата и државата” на што судијката го опемна и рече иронината да ја остави на страна.

– Ме осуди политиката поточно Заев, сега моите две деца ќе знаат кој ѓе осуди и се надевам дека ќе продолжат мојот пат. Но ќе дојде и тој ден тие што ме обвинија ќе седнат на оваа маса за злоупотреба на службена должност и ќе им се суди- заврши Трајковски.

Адвокатот на Вилијам Михајловски: обвинителството се уште живее со мантрата на стариот ЗКП односно да истакне предлог без да причини зантој предлог, оставајќи на судот да аја заврши работата.
-Барам од судот предлогот да го одбие и да му одреди евентуално куќен притвор.
Вилијам Михајловски, рече дека не бара да оди во куќен притвор туку да остане со своите браќа во Шутка, бидејќи и да побара куќен притвор нема да му биде дозволено.

-Јас сум осуден на 14 години зошто сум влегол во Собранието. Доколку влезам во собрание на Република Северна Македонија тогаш ќе ме осудите доживотно- рече Михајловски.