Македонија 27. јули 2019. / 22:50

Големата полициска акција откажана: Кој ја спаси Катица Јанева?

Големата полициска акција откажана: Кој ја спаси Катица Јанева?

Кој ја спаси специјалната обвинителка Катица Јанева?

Откако вечерва беше мобилизирана буквално целата полиција, во последен момент, акцијата беше откажана.

-Ме повикаа на работа, за важна акција, но кога стигнав таму ни рекоа да се вратиме дома. Беа повикани повеќе од 200 колеги од сите одделенија, но сите не вратија назад.  – брифира за Лидер, полициски извор.

Пред два часа Лидер објави дека вечерва се мобилизираат големи полициски сили за претес на важна локација.

Како што неофицијално дознавме, службениците се сомнева дека вечерва ќе се влегува кај некоја позната личност поврзана со случајот “Рекет”.

Веста за мобилизација на полицијата доаѓа откако денеска медиумите открија дека шефицата на СЈО Катица Јанева, побарала форензичко бришење на сите компјутери во СЈО.