Македонија 18. мај 2020. / 15:22

Голем број тетовци седеле дома, но се заразиле од болни што им биле на гости

Голем број тетовци седеле дома, но се заразиле од болни што им биле на гости

Кризниот штаб при општина Тетово соопшти дека од здравствените установи добиле информација дека има голем број новозаболени луѓе кои воопшто не излегувале од своите домови, а Ковид-19 добиле од гости кои дошле кај нив. 

До 18 мај во Тетово и околните општини се регистрирани четири нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани е 147. Од овој број досега починале 13 луѓе, а оздравени се  56.

Бројките во последните денови за жал упатуваат на постојан пораст на бројот на заразени лица со Кпвод-19 во општина Тетово и околината. Ова во голема мерка се однесува на непочитување на заштитните мерки, односно не ористење на заштитни маски и одржување на физичко растојание. Исто така, имаме случаи на луѓе кои не ги напуштиле своите домови, но биле заразени со Ковид-19, што значи дека вирусот им е донесен од страна, како резултат на посети во нивните домови од членовите на семејството и нивните пријатели. Затоа, апелираме да се намали бројот  на непотребните посети и поголеми групирања во домови и затворени простории – истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа најави дека ќе локалната самоуправа ќе им помага на верските објекти за дезинфекција.

Општинските служби, како Територијалната противпожарна единица и ЈКП Тетово по отворањето на  џамиите и другите верски објекти  ќе направат и внатрешна дезинфекција на просториите на објектите, со цел да се минимизира опасноста од Ковид-19 – вели Арифи.

По општини најголема бројка на заразени, 68 има во тетовската општина каде има и четири починати лица, во општина Боговиње  47 заболени и шест починати, во Теарце има 10, Брвеница 12  заболени и еден починат, во Јегуновце четворица заболени и во Општина Желино шест заразени, а починати две лица