Македонија 16. декември 2020. / 09:31

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието

За денеска во Собранието на Република Македонија се закажани две пленарни седници.

На седницата од 12 часот претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски ќе му се обрати на Собранието.

Годишното обраќање на претседателот е обврска согласно Уставот и е на барање на претседателот.