Македонија 28. декември 2018. / 09:26

Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собрание

Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собрание

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска во Собранието ќе го оддржи последното новогодишно обраќање. Во март на Иванов му истекува вториот мандат и според Уставот тој веќе нема право да се кандидира за следните претседателски избори.

Иванов годинава веќе одржа два говори во кои јасно ги кажа своите позиции против Договорот од Преспа, уставните измени и против законот за употребата на јазиците.

Претседателот Иванов минатата недела го потпиша Указот за Законот за амнестија за обвинетите во случајот „27 април“.