Македонија 03. јули 2018. / 12:25

Гоца Јанкуловска останува 45 дена со бебето, потоа оди на суд

Гоца Јанкуловска останува 45 дена со бебето, потоа оди на суд

Судијата Осман Шабани мораше да го одложи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради отсуство на обвинетата екс министерка, Гордана Јанкуловска.

Како што соопшти адвокатката, Сања Алексиќ, Јанкуловска по породувањето се уште се наоѓа во болницата „Ремедика“. Шабани порача Јанкуловска да ужива сега со бебето, но на 16 август задолжително да се појави на судење.

Шабани и даде простор од 45 дена на Јанкуловска, што е законски минимум. Следните рочишта се закажани за 16, 17 и 20 август.