Македонија 23. септември 2019. / 10:25

Го користеле за се и сешто: Катица Јанева управувала со „заедничкиот фонд“ на СЈО

Го користеле за се и сешто: Катица Јанева управувала со „заедничкиот фонд“ на СЈО

Од новото непотврдено писмо, коешто наводно од притвор го испратила разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, со барање да ги добие личните предмети како и користење на средства од „заедничкиот фонд“, го зголеми интересот на јавноста за каков фонд се работи.

Повеќе обвинители го потврдуваат постоењето на тој заеднички фонд, пишува ДВ.

– Тука нема ништо спорно. Од нашите примања месечно сите одвојуваме средства во тој фонд, а парите се користеа за заеднички потреби. – објаснуваат обвинители.

Обвинителите поединечно одвојувале по 3.000 денари месечно во фондот, а другите вработени во СЈО по 1.000 денари. Со фондот управувала лично Јанева. По примено барање за потреба од средства, таа ги одобрувала, а средствата ги исплаќал благајник. Обвинителите не знат колку пари останале во фондот, бидејќи како се собирале средства, така и тековно се трошеле – за приватни и службени цели.

– Некогаш се одобруваа средства за лекување, но најчесто за потребите на институцијата. На пример, имаше случај кога ни се расипа климатизерот, па за да не мора да се распишува тендер за набавка, го купивме од тие заеднички пари. Истото важеше и за набавка на хард дискови, за одредени поправки и други итни потреби. – објаснуваат обвинителите.