Македонија 07. февруари 2020. / 10:03

Го брани ли Фросина Ременски Боки 13: „Рекет“ наликува на судење за убиство без леш

Го брани ли Фросина Ременски Боки 13: „Рекет“ наликува на судење за убиство без леш

Целиот процес ми личи на судење за убиство без леш. Не се одговора на клучното прашање, кај се парите, изјави Фросина Ременски во емисијата „Утрински брифинг“.

Иако актуелната потпретседателка на Собранието го поставува клучното прашање на кое целата јавност се уште со нетрпение го чека одговорот, сепак ваквиот нејзин став, на извесен начин, може да се протолкува и како обид за одбрана на Бојан Јовановски алијас Боки 13.

Во полициското постапување имаш познати сторители, познат давател, барател и е најлесно дело за реализација и за постапување од страна на органите на прогонот и поприлично ми е нејасно зошто тоа останало недопрено, за да се спречи, изјави Ременски во однос на стратегијата на обвинителството и Русковска во случајот „Рекет“.

На неа досегашните активности повеќе и личат на операција (Рекет) што манипулира со пропаганда, специјална војна, која што манипулира со информации во однос на креирање на општи индиции, отколку на процес во кој ќе се соберат информации за да се поткрепи тоа.

На вчерашното рочиште за „Рекет“ во доказната постапка беше презентирана СМС комуникација меѓу Фросина Ременски и Боки 13 од минатата година од која можеше да се види дека таа му вршела директен пренос од собраниска седница посветена на пратенички прашања.

-Антонио постави прашање, слушај одговор, му пишала Ременски на Боки 13 во една од пораките.

-Сега зборува ЗЗ, е содржината на втората порака.

-Направи катастрофа, и возвратил Боки 13.

-?- е крајот на комуникацијата.

Фросина Ременски е меѓу обвинетите за случајот со невладината организација Меѓународен сојуз на Боки 13.