Македонија 29. септември 2020. / 22:16

Главната медицинска сестра на Инфективна и две одделенски сестри дале отказ

Главната медицинска сестра на Инфективна и две одделенски сестри дале отказ

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, што според него, е голеа загуба во ова време на корона вирус.

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…, стои во објавата на Лазаров.

Во неговата објава стојат во прилог и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим, се вели во барањето на главната медицинска сестра.

Линк до Фејсбук статусот на Ненад Лазаров.