„Парите од ‘Рекет’ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кого целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба ‘Луј Витон’ полна со рекетирани милиони’, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Боки 13 е директниот извршител во ‘Рекет’. Парите кои тој ги рекетирал завршиле директно кај Заеви. Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи кои ги изнеси се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во ЈО и да биде отворена истрага против него.
ЈО на Русковска премолче и не отвори истрага против Заеви кога Боки 13 од суд кажа дека добил порака од Заев лично на 16 април да се видат и да се соочат со доказите. Тоа се 5 дена пред Зоран Заев, како што самиот кажа подоцна откако имаше притисок од целата јавноста во Република Македонија, да го пријави случајот токму кај истата Русковска“, додаде Ѓорѓиевски.
Тој праша – што криеше Заев и зошто не го пријавил случајот веднаш?! Менаџирал со докази, прикривал, уништувал или, пак, менувал?!
Русковска, вели, го премолче тоа и не отвори истрага, додавајќи дека исто како што молчи цела година и внимава трагата да не нè однесе токму до главата на октоподот, а тоа е Зоран Заев.
„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Тој е човекот кој го менаџирал случајот, а ЈО и судот се прават дека од дрвото не можат ја видат шумата. Заев ги лаже граѓаните и институциите во Македонија, а Русковска му дозволува да помине неказнет.
По денешниот исказ на Боки 13 очекуваме ЈО итно да собере сили и храброст и да го повика Зоран Заев на распит, да му го земе телефон на вештачење и да отвори истрага против него. За ваквото непостапување на ЈО и штитење на Заев, одговорност ќе има многу брзо.
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата“, рече Ѓорѓиевски.