Македонија 26. јануари 2020. / 15:51

Ѓорѓиевски: Време е државата да тргне напред, на граѓаните им е преку глава од криминал, рекет и корупција

Ѓорѓиевски: Време е државата да тргне напред, на граѓаните им е преку глава од криминал, рекет и корупција

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, посети неколку населени места во битолско, каде што во рамки на акцијата „Обновата на вашата врата“ контактирал со голем број.

Како што напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, разговарал со десетици луѓе и тие му пренеле порака дека сакаат промени во власта и на политичката сцена затоа што сакаат сигурен живот.

– Довербата е вратена, луѓето гледаат спас во ВМРО-ДПМНЕ. Велат го чекаме 12 април, време е да тргне државата напред. Преку глава им е од криминал, рекет и корупција. Луѓето сакаат сигурна живеачка. Сакаат да одат напред.
Време е за судбоносното обединување и вистински промени во Македонија.
Време е за обнова! – напиша Ѓорѓиевски.