Македонија 22. февруари 2019. / 12:08

Ѓорѓиевски: Спасовски да поднесе оставка – бројот на жртви од ден на ден се зголемува

Ѓорѓиевски: Спасовски да поднесе оставка – бројот на жртви од ден на ден се зголемува

Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук посочи неколку примери кои што се случиле за еден ден, со кои се потврдува дека криминалот во државата цвета.

Продолжува хаосот и безредието во државата. За период од нецели 24часа момче и девојка пронајдени мртви. Дополнително, во текот на ноќта во Ѓорче е активирана по втор пат кај исто лице експлозивна направа.. Замислете , по втор пат во 21век на иста локација ист вид на напад.. – напиша Ѓорѓиевски.

Тој смета дека сериозен ризик е слободното движење по улиците и заклучи дека МВР не си ја извршува својата работа како што треба.

– Цвета криминалот и расте бројот на жртви од ден на ден се повеќе, а власта пробува да ја дефокусира јавноста и да ја убеди дека нема потреба од паника и нервоза.. Станува сериозен ризик слободното движење по улиците, испраќањето на децата во училиште и градинка, буквално станува ризик излегувањето од дома.. Вакво нешто не се памети.. МВР спие, и лови џепароши по пазари и автобуси додека народ гине по улици..
И како и обично претпоставувам дека и денес ке излезат со бледо соопштение дека ситуацијата е под контрола , а истрагата во тек…  – стои во постот.

Ѓорѓиевски поради овие работи побара оставка од министерот за внатершни работи Оливер Спасовски.

– МВР е дезориентирано, а на чело на МВР е најнеспособното раководство досега и најнеспособниот министер во историјата на Македонија.
Време ти е “министре” да си понесеш одговорност и да си поднесеш оставка..
#Оставка. – напиша Ѓорѓиевски.