Македонија 08. август 2020. / 10:32

Ѓорѓиевски: СДСМ пишманска – Повторно рикверц, немало договор!

Ѓорѓиевски: СДСМ пишманска – Повторно рикверц, немало договор!

СДСМ пишманска! Трети ден во јавноста пуштаат соопштение дека имаат мнозинство, трет ден само што не ги спремиле звучниците на најјако со песната ,,Зоки Зоране, Струмица е со тебе, дар од Бога за земја своја” веројатно со точно пресметан периметар звукот да допатува и до маалата во Струмица како благодарност на Вице и оддавање признание на бандитскиот факт дека тоа што не може со пари, може со многу пари, пишува Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на  „Фејсбук“.

Слушам, сменета е и водата за нова забава во викендицата на Заеви во Грчка.
Арно ама, повторно рикверц. Немало договор. Нема договор – нема власт, пишува Ѓорѓиевски.

Тој наведува дека три саати траело последното соопштение на СДСМ дека има договор.

Велат приближно кусо на времето потребно Заев да ги менува ставовите за најважните прашања. СДСМ се пишмани, нема договор.
Некои велат дека Заев не може да го преџвака фактот што некои важни фактори бараат тој да не биде премиер затоа што веќе е прочитана книга, а и од бандит водач не бидува.
Човекот се препотува не толку затоа што и нему му е јасно дека е крај, туку затоа што и неговите од внатре му велат дека е готово, додава Ѓорѓиевски.

Тој порача – се читаме, до наредното соопштение на СДСМ пишманска!