Правдата е оставена на криминалците. Спасовски со неделувањето станува заштитник на криминалот. Затоа треба да си одат. На нашите граѓани им треба мир и безбедност која ќе им ја гарантираат институциите.Полицијата мора да се врати во раце на професионалците. На МАКЕДОНИЈА и треба обнова, пишува на својот фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
–Кој, кого и зошто штити ?! Пред десет дена помина цела година откако на “Партизанска” брутално беа изрешетани две лица, а третото беше повредено. Милион шпекулации кружеа во јавноста за мотивите за оваа крвава пресметка, а сеуште се зборува дека бандите од скопско Грчец и Арачиново решиле да го земат законот во свои раце и да делат правда наместо тоа да го прави МВР. Набргу ќе измине и втората година од убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше брутално изрешетан на сред улица, а сторителите си заминаа непречено.⁉️ Каде се во целата приказна МВР и Оливер Спасовски? Има ли некој што одговара за овие ликвидации? Дали некому се суди и дали некој е испратен во затвор?‼️ НЕ ! Еден скандал се покрива со друг. МВР стои на страна, пишува Ѓорѓиевски.