Вчера беше стрелано кон полицаец на должност во Велес од лице кое било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестија кој што го донесе СДСМ пред две години, изјави на прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ ослободи 800 криминалци од затворите и со тоа директно ја загрози безбедноста на нашите граѓани, а сега со последниот случај гледаме дека ја загрозил и безбедноста на полициските службеници“, посочи Ѓорѓиевски додавајќи дека данокот за ваквата постапка, за жал, го плаќаат сите.
Нагласи дека благодарение на Зоран Заев и Оливер Спасовски криминалот во Македонија царува, а криминалците кои добија ослободување сега се уште поосоколени да дивеат, бидејќи врвот на СДСМ им е директен заштитник.
– Овој случај од Велес покажува дека повторно во пресрет на изборите во април, криминалците се охрабруваат од некој политички моќници, за потоа тие да одработуваат во кампањата и тоа директно за СДСМ. Ваквото неодговорно и антидржавно однесување на СДСМ, Заев и Спасовски ќе ги чини многу нашите граѓани, а ќе ја чини и Република Македонија. Одговорност за нив мора да има, порача Ѓорѓиевски.