Македонија 28. јануари 2021. / 10:03

Ѓорѓе Иванов денеска треба да сведочи на суд

Ѓорѓе Иванов денеска треба да сведочи на суд

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска треба да сведочи во Основниот кривичен суд Скопје за настаните во Собранието на 27 април 2017.

Поранешниот шеф на државата е меѓу предложените сведоци на одбраната на обвинетите за организирање на крвавиот настан.

Името на Иванов за денеска е покрај она на Игор Атанасовски, Зоран Коњановски, Ристо Донев, Игор Бошковски.

Во овој предмет обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Овој случај се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.