Македонија 14. јануари 2020. / 10:19

Ѓорчев: Законот на СДСМ повторно ги осудува жртвите, а ги наградува кодошите

Ѓорчев: Законот на СДСМ повторно ги осудува жртвите, а ги наградува кодошите

Пратеникот Влатко Ѓорчев напиша на Фејссбук дека Законот кој го поднесе СДСМ е мизерен и значи:

1.Надомест за УБИЈЦИТЕ и КОДОШИТЕ (во текстот се имињата) кои ги убија 5-те студенти. Ги собрале од игранка, од корзо, БЕЗ судење ги убиле. Ги убиле со 2 куршуми – еден во глава и еден во срцето.

2.Нова осуда за убиените Стево Топчев (19), Ѓорѓи Костуранов (21), Борис Белев (22), Ѓорѓи Јарамов (22) и Мирко Пецев (23), напиша Ѓорчев.

Според Горчев затоа овој срамен закон НЕМА и НЕ СМЕЕ да помине. Поради ИЛЈАДНИЦИ жртви на нивниот 50-годишен режим и репресија.

Буквално ИЛЈАДНИЦИ затворени, судени, мачени, стрелани, протерани, интернирани…

Македонија во името на националното помирување НЕ ги гонеше овие мачители и нивниот репресивен, пеколен апарат. А денес?

Денес кодошите и насилниците толку се осилија, што мислат дека можат да си изгласаат закон за отштета на КОДОШИТЕ и повторно да ги осудат ЖРТВИТЕ.

Е, нема на може. Нема да помине. No passaran.

Да живеат борците за СЛОБОДАТА на Македонија!, напиша Ѓорчев.