Македонија 16. декември 2019. / 11:13

Ѓорчев во Стејт департментот се сретна со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот

Ѓорчев во Стејт департментот се сретна со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев при посета на САД, Вашингтон оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот.

На средбата Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелната политичко економска состојба во Македонија, како и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресретна на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.

Ѓорчев истакна дека приоритет на државата е пријателството и сојузништвото со САД, потенцирајќи дека токму затоа ќе се продолжи со развивање и соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите и дипломатијата.

-Исто така, разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД. Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Затоа, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите, дипломатијата и сите други области, вели тој.