Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, оствари средба со државниот секретар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео.
Оваа средба тој ја оствари за време на Молитвениот појадок во Вашингтон, кој традиционално се организира од страна на претседателот на САД секоја година.
Во својата посета Ѓорчев се сретна со повеќе конгресмени и сенатори, меѓу кои и доста влијателниот Тед Круз.
Македонија мора да има отворени врати во САД, порача Ѓорчев.
– Срдечна средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Ted Cruz.
Секретарот Помпео е меѓу најблискуте соработници на претседателот на САД Доналд Трамп. Претходно беше конгресмен (2011 – 2017) и одржува блиски контакти со своите колеги од Конгресот на САД.
Сенаторот Тед Круз лично го познавам повеќе години и се работи за еден од највлијателните сенатори. Во 2016 година беше претседателски кандидат, а во 2018 година претседателот Трамп лично се вклучи во неговата кампања за реизбор во Сенатот.
Ова беше 10-ти пат да учествувам на Молитвениот појадок во Вашингтон.
Два пати за време на претседателот George W. Bush, пет пати за време на претседателот Barack Obama и сега веќе трет пат за време на претседателот Donald J. Trump.
Македонија мора да има пријатели и отворени врати во САД и секаде во светот. ?? – напиша пратеникот на Фејсбук.