Македонија 25. март 2019. / 22:13

Ѓорчев се обрати на школата за безбедност организирана од Конрад Аденауер

Ѓорчев се обрати на школата за безбедност организирана од Конрад Аденауер

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред Регионалната зимска школа за безбедност 2019 во Струга.

Темата на конференцијата беше безбедноста, одбранбените прашања, кризите и регионалните прашања.

Во своето обраќањe пратеникот Ѓорчев се осврна на безбедносната, почитичкатa и економската состојба во Македонија, влијанието на политичката криза, како и актуелните надворешно – политички околности на Балканот.

На конференцијата учествуваа професори и студенти од универзитетите од Скопје, Битола, Велика Горица (Хрватска) и Белград (Србија), како и повеќе експерти од областа на безбедноста.

Конференцијата беше организирана од фондацијата Конраф Аденауер блиска до ЦДУ од Германија, Мартенс центарот близок до Европската народна партија (ЕПП) и македонскиот Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ).