Македонија 27. август 2019. / 13:02

Ѓорчев од Велес: Време е за оставки за доцнењето на авионите и хеликоптерите од 5 часа

Ѓорчев од Велес: Време е за оставки за доцнењето на авионите и хеликоптерите од 5 часа

Кој директор или министер ќе одговара за доцнењето на авионите и хеликоптерите во Велес од дури 5 часа?, прашува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Пожарот во Велес започнал околу 11:00 часот. Првите авиони и хеликоптери стигнале околу 16:00 часот. Вечерва главното прашање на пожарникарите и доброволците беше: Зошто авионите и хеликоптерите доцнеа цели 5 часа? Ќе понесе ли некој ОДГОВОРНОСТ од толку многу директори и 28 министри? Изгоре шума што растеше 50 години. Тоа е ОГРОМНА загуба за Велес и за цела Македонија – пишува Ѓорчев на Фејсбук.

Toj исто така додава дека жално е што поради неодговорноста и неспособноста на власта изгоре толку многу шума. Поздрав и благодарност до пожарникарите, прпадниците на АРМ, до Игор Здравсковски и до сите оние кои денес го гасеа пожарот.