За опозицијата, неприфатлив е новиот закон за Јавното обвинителство доколку таа не го предлага првиот човек на Обвинителството, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во интервју за „Макфакс“.
Тие сакаат да зборуваат за ланскиот снег. Да, точно е дека има постапки против функционери на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но што е со она што се случува денес, што ќе се случува утре. Се соочуваме со огромни пропусти, неказнивост на актуелните функционери на СДСМ, кои буквално напаѓаат луѓе на улица. Пред еден ден имавме случај кога пратеник на СДСМ во Гостивар физички нападна човек на улица, и тоа пред очите на неговата малолетна ќерка. Значи, имаме еден систем што ги штити своите, а води хајка против неистомислениците, а токму тие велеа дека правдата ќе важи за сите“, рече пратеникот Ѓорчев.