Македонија 11. март 2019. / 21:14

Ѓорчев: Иванов ги претставува граѓаните на Македонија – во право е што не ги потпишува законите

Ѓорчев: Иванов ги претставува граѓаните на Македонија – во право е што не ги потпишува законите

Пратеникот Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија Телма го искоментира непотпишувањето на законите каде стои Северна Македонија од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и истакна дека постапил правилно.

– Иванов со постапките кои ги презема ги претставува граѓаните на Република Македонија. Тој беше избран за претеседател на Република Македонија. Претседателот се заколнал пред Уставот на Република Македонија. Иванов одбра да не ги потпишува законите, повелете гласајте ги втор пат да видиме дали претседателот ќе ги потпише. Она што го прави Иванов е согласно законите и Уставот. – вели Ѓорчев.