Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, јавно ги поддржа изјавите на сенаторите Тед Круз од Тексас и Марко Рубио од Флорида, во врска со кризата во Венецуела.
Ѓорчев ги повика Владата и МНР, предводени од премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, да донесат одлука за признавање на привремениот претседател на Венецуела Хуан Гваидо, следејќи го примерот на демократските земји.
– Поддршка за изјавите на сенаторите Ted Cruz од Тексас и Marco Rubio од Флорида со кои лично се познавам и кои се пријатели на ?? Македонија, а во врска со нивните ставови за насилството и кризата во Венецуела.
Ги повикувам Владата и МНР предводени од Заев и Димитров да донесат одлука за признавање на привремениот претседател Гваидо, следејќи ја одлуката на САД ??, Канада ??, Австралија ?? и другите демократски земји.
Ги повикувам Пендаровски, Шекеринска, Спасовски и другите можни претседстелски кандидати јавно и скоро да се изјаснат. Ова моментално е главната тема во светската меѓународна политика.
Германија ??, Франција ??, Велика Британија ?? и Шпанија ?? најавија дека следниве денови е можно да ги признаат новите власти.
Европската народна партија (ЕПП) ??каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во врска со диктаторот Мадуро.
Албанија и Косово донесоа исправна одлука за признавање уште пред 6 денови, веднаш после одлуката на САД.
Време е Македонија да донесе јасна одлука, заедно со нашите сојузници во САД ??, ЕУ ?? и НАТО. Тоа е исправна одлука, во МАКЕДОНСКИ интерес.
Уште еднаш, Македонија ?? треба да води проактивна политика, во функција на МАКЕДОНСКИТЕ државни интереси. Македонија ?? треба да гради силни пријателства и сојузништва во рамките на евро – атлантската заедница.
Ние во Македонија ?? и во ВМРО-ДПМНЕ знаеме што е тоталитаризам во времето на едноумието.
Идејата за независна и слободна Македонија со ДЕЦЕНИИ се негуваше во нашите домови во Татковината, како и во македонските друштва во САД ??, Канада ??, Германија ??, Австралија ??, Брисел ??, Париз ??…
Идејата за ВМРО-ДПМНЕ се формираше и негуваше во Берлин, Њу Џерси, Мелбурн, Торонто. Тоа беа иделаите на нашите Илинденци и жртвите на едноумието.
За режимот на диктаторот Мадуро:
Искрено, има некој во Македоноја што сака лично со своето семејство да живее во денешна Венецуела?
Дали младите сакаат стипендии за школување во САД ?? или во Венецуела?
Ако вашето дете е болно, дали сакате да оди во болница во Бостон или Каракас?
За режимите во Куба и Венецуела доволно кажува што ИЛЈАДНИЦИ луѓе се подготвени буквално да УМРАТ за да избегаат, ризикувајќи и бегајќи на сплавови низ морињата.
Уште еднаш, ИЛЈАДНИЦИ луѓе СЕКОЈА година се подготвени да го ризикуваат ЖИВОТОТ и да загинат на сплав во морињата или во пустините на Аризона бегајќи од таквите диктатори како Мадуро. Зарем таквите диктатори заслужуваат одбрана?
Републиканските сенатори Тед Круз и Марко Рубио во нивните семејства имаат лични стории со диктаатурите и режимите.
Затоа, тие денес даваат јасни и директни изјави во врска со диктатурата и насилството во Венецуела.
Македонија ?? мора и треба да има пријатели секаде. Сенаторите Круз и Рубио се пријатели на Македонија.
Со мудра и стратешка политика, Македонија ќе ги засилува пријателствата во најважните земји во светот.
Сигурен сум дека следниве 7 денови претседателот Иванов, премиерот Заев и МНР Димитров ќе донесат исправна одлука за Венецуела, во полза на слободата, демократијата и интересите на Македонија.
Да живее Македонија! – напиша Ѓорчев на Фејсбук.