Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се обрати до Костадин Костадинов преку собраниската говорница и му порача дека е срамно тоа што додека Македонија мизерува, тој се сликал со Боки 13 во мантил од 7000 евра.
–Вие Костадин Костадинов правевте селфи со Боки 13 додека носеше мантил “пончо” од 7.000 евра, а Македонија мизерува. Костадинов, срам да ви е за сето она што се направи со Боки 13. Срам и брука!! Оставка – напиша Ѓорчев.