Македонија 02. јануари 2019. / 14:27

Ѓорчев: Албанците се се повеќе разочарани од политиките на Заев

Ѓорчев: Албанците се се повеќе разочарани од политиките на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја гледа оваа 2019 година, како голема надеж и за Македонија, но и за своето позиционирање на политичката сцена, како идна владејачка партија. Претстедателските избори се првиот тест. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во интервју за Прес 24 вели дека на Македонија и треба Претседател кој ќе донесе нова надеж.

– Важно е нашиот претседателски кандидат да биде личност околу која ќе се собира опозиционото и растечко незадоволство кон власта на Заев и СДСМ. Ни треба личност која што може да го артикулира тоа незадоволство и личност која што ќе донесе нова надеж во Македонија. Убеден сум Македонија ќе го каже и даде одговорот на владиното фијаско на секое поле за време на претседателските избори – вели Ѓорчев во интервјуто за Прес24.

Албанските гласачи како важен фактор во претседателските избори, според Ѓорчев веќе се свесни дека од ветувањата на власта нема ништо.

– Албанците секојдневно се разочаруваат од политиките на Зоран Заев и неговите министри. Многу се вети, а ништо конкретно не се исполни. Последниве недели тоа го повторив повеќе пати во Собранието. Голем број на Албанци на социјалните мрежи ми даваат поддршка и се согласуваат со моите оценки. Во наредниот период уште повеќе ќе зборуваме за лажните ветувања на Заев и СДСМ кон Албанците, затоа што Заев и власта нив ги излажа исто како Македонците и сите останати – вели Влатко Ѓорчев во интервју за Прес24.

Целото интервју на Ѓорчев може да го прочитате ТУКА.