Македонија 02. февруари 2019. / 14:30

Ѓораѓиевски: Спасовски место да се грижи за безбедноста, турка кампања за претседател

Ѓораѓиевски: Спасовски место да се грижи за безбедноста, турка кампања за претседател

Во Скопје владее хаос и криминал. Само за 1 месец се пријавени 20 разбојништва. Нема ден да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне првата жртва бидејќи Оливер Спасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или се во коалиција со криминалот, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оливер Спасовски го интересираат лични амбиции и кариерата. Место да се грижи за безбедноста, турка кампања за претседател и не превзема ништо за намалување на криминалот.

На 1 јануари се евидентриани 3 кражби. Во две има закани и употреба на физичка сила. Неколку дена потоа е ограбена бензиска со пиштоли на автопатот Тетово-Скопје. Ограбена е и куќа во Сопиште.

Заедничко за сите кримминали е тоа што нипто не се расчитува. МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени. Нема место во Скопје, нема ден кога не е извршено разбоништво. Градот ни е претворен во крвава арена. Полицијата никаде ја нема да ги заштити граѓаните. Оваа власт ја наруши безбедноста и мора да си замине“, изјави Ѓорѓиевски.