Македонија 26. ноември 2020. / 23:59

Гимназијата Корчагин со неговото име: Внуката со жестока реакција до Заев и болна фотографија

Гимназијата Корчагин со неговото име: Внуката со жестока реакција до Заев и болна фотографија

На скандалозното интервју на Зоран Заев за бугарската БГНЕС реагира и правнуката на народниот херој Раде Јовчевски Корчагин, Кали Ковчевска.

Како внука на Раде Јовчевски- Корчагин, се чувствувам крајно револтирана од изјавите на оној што веќе подолг период работи систематски на негирање на постоењето на се што е поврзано со Македонија и македонската историја. Епа, оваа слика е убиството на мојот дедо кој е убиен од Бугарската “администрација”. Така, пријателски, додека е пукано од нивна страна во него, извикуваат: ” Еве ти ја слободата”. Не се борел за Бугарија, туку против фашизмот, против бугарскиот фашизам. Историјата не се менува- таа е дел од еден народ! А ова е нашата… тажна, болна… ама таа е, наша е и мора да ја чуваме!
Да живее Македонија! , порачува таа.

Како внука на Раде Јовчевски- Корчагин, се чувствувам крајно револтирана од изјавите на оној што веќе подолг период…

Posted by Kali Jovchevska on Thursday, November 26, 2020