Македонија 02. септември 2019. / 17:03

Героски за случајот „Рекет“ : Некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација

Героски за случајот „Рекет“ : Некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација

Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм…, пишува новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук.

Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела. Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително. Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се, додава Героски.