Уредникот на Плусинфо Бранко Героски на својот Фејсбук профил напиша дека Плусинфо не ја објавува веста за Заев и пранкерите, бидејки медиумот чека одговор од пр-ар службата на власта за тоа дали веста е лажна.
Плусинфо сė уште не ја објавува веста за Заев и пранкерите. Чекаме од некаде да се јави некој од Владата да каже дали е ова лажна вест. Бараме објаснување. За пи-ар службата ова треба да е вонредна состојба. До кога ќе чекаме? Да се наспијат? , напиша Героски на Фејсбук.