Македонија 13. декември 2018. / 20:49

Героски за однесувањето на судијката Кацарска: Суд ли е ова или инквизиција?!

Героски за однесувањето на судијката Кацарска: Суд ли е ова или инквизиција?!

После вакви „прашања“ и коментари на судијката Кацарска, обвинетите за настаните од 27 април уште сега знаат каква ќе биде пресудата и нивната одбрана губи секаква смисла. Со тоа и судењето губи смисла, бидејќи се претвора во инквизиција како во темниот Среден век. Зошто? пишува Героски во неговата колумна на Плусинфо со наслов ,,Суд ли е ова или инквизиција” .

Неспорно е дека законот дозволува судијата во расправата да поставува прашања, но во согласност со неговата улога на непристрасен арбитар помеѓу обвинителството и одбраната, на кои паѓа главната обврска да изведуваат докази, да ги испитуваат обвинетите и сведоците и така да се дојде до вистината. Судијата не смее да ја преземе улогата на обвинител и да биде во центарот на вниманието. Напротив, тој мора да демонстрира највисоко ниво на непристрасност и да обезбеди почитување на процесните права на сите странки.

Внимателно го прочитав испитувањето на сведокот Трајко Вељаноски од страна на судијката Кацарска. Се разбира, Вељаноски тешко може да предизвика било чија емпатија, но однесувањето на судијката е она што вистински вџашува – таа и директно и вкрстено го испитува сведокот, коментира, па дури и донесува заклучоци. Како во она божемно прашање, кога таа на сведокот му вели: „Единствено за што се грижевте вие на 27 април лани беше некој да не седне на вашето место“. Просто неверојатно!

Ваквото однесување на судијката Кацарска многу сериозно ја доведува во прашање непристрасноста на судот и го повредува начелото на презумпција на невиност на обвинетите. После вакви „прашања“ и коментари, обвинетите уште сега знаат каква ќе биде пресудата и нивната одбрана губи секаква смисла. Со тоа и судењето губи смисла, бидејќи се претвора во инквизиција како во темниот Среден век.

Целата колумна можете да ја прочитате на plusinfo.mk