Македонија 19. март 2020. / 21:12

Героски прашува: Колеги ловци на лажни вести, зошто не се пишува за оваа лажна вест?

Героски прашува: Колеги ловци на лажни вести, зошто не се пишува за оваа лажна вест?

Новинарот Бранко Героски реагира на селективноста во анализирање на лажни вести, од неколку сајтови кои, како што вели, со странски грантови ловат лажни вести по порталите и на социјалните мрежи.

Нивните анализи ги споделувам редовно на мојата ФБ група ТОП КОЛУМНИ И КОМЕНТАРИ, иако не морам и од тоа немам ништо.

Е сега, не видов некој од овие сајтови да напише анализа за лажната вест за наводната веселба кај поранешниот вицепремиер Васко Наумовски. Се испостави дека веселбата била лани и дека неколку сајтови и инфлуенсерковци објавиле лажна вест.
Зошто за таа лажна вест не се пишува? Колеги ловци на лажни вести, објаснување? – прашува Героски.