Македонија 15. May 2019. / 22:23

Героски: Павле, срам да ти е!

Героски: Павле, срам да ти е!

Новинарот и уредник на весникот Слободен Печат и порталот ПлусИнфо, Бранко Героски, смета дека пратеникот Павле Богоевски уште вечерва треба да си поднесе оставка за аудио-снимката.

Героски смета дека Богоевски со самото тоа што јавно признал дека нелегално набавил, наводно, масло од канабис, треба да сноси одговорност. Инаку тој, според статусот, ја прифаќа теоријата на Богоевски дека порачувал масло од канабис, а не кокаин.

Целата јавност, судејќи по снимката, тврди дека пратеникот сепак нарачува кокаин.

– А не, не со тие куршуми, другар Павле…
Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.
За политичката одгововорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговрност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.
Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.
Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е! – напиша Героски на Фејсбук.