Македонија 21. јуни 2019. / 11:01

Героски отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“

Героски отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“

Новинарот Бранко Героски изутринава отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“ и кој се престави како обезбедување во партијата, но не го најде, пренесува Макфакс.

Доцна синоќа примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Побарав лидерот и партијата да се оградат. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не е вработено во СДСМ. Го добив одговорот за да утврдам дали некој лажно се претставува. На мене сега останува да одлучам да го пријавам случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои предизвикаа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните настани како снимање зад грб, но не ги сметам за закани, рече Героски

Од партијата не го знаат заканувачот, знаат дека не е обезбедување, но не знаат дали е член на партијата.

Утрово со Героски имавме конструктивен разговор за заканите упатени до него. Како одговорна партија се оградуваме и ја осудуваме заканата. Наша вредност е овозможување на слободен говор и тоа го правиме. За тоа се доказ извештаите на “Репортери без гранкци”. Му кажавме на Геровски дека не е обезбедување во СДСМ. Ќе видиме дали е член, а ако е, ќе превземеме чекори согласно статусот. СДСМ осудува обид, напад на новинари и изразување на слободната мисла. Станува збор за лице кое се претставува како партиско обезбедување, а не е, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.