Македонија 09. април 2019. / 21:00

Героски: Никој веќе не го разбира овој курч на Тричковски

Героски: Никој веќе не го разбира овој курч на Тричковски

Главниот и одговорен уредник на Слободен Печат, Бранко Героски напиша Фејсбук пост посветен на Бранко Тричковски откако тој посака смрт на Антонио Милошоски.

Со мал мисловен напор, се разбира, ќе сфатите дека сево ова е во рамките на метафоричното изразување. Или барем ќе помислите дека така треба да се помисли. Се надевам дека тоа ќе го разбере и семејството на Антинијо Милошоски.

Јас одамна одбивам да ја сфатам оваа опседнатост Тричкова со туѓата смрт. Да умре овој, да умре оној… Ќе му поверувам кога јавно ќе посака самиот тој да умре и после да ни објасни дека тоа било метафора со некое специфично значење.

Всушност, да бидам искрен, ни таква глупост не сакам да прочитам. Ма јок! Шалабајзерска работа! Јас му предлагам на Тричко да живее. А што би му фалело?

Доста шмита наоколу како некој надркан (северно)македонски Танатос… Никој веќе не го разбира овој курч, напиша Героски.