Македонија 26. септември 2019. / 12:55

(ВИДЕО) Героски: Најмалку една личност од македонската висока политика е замешана во аферата Рекет

(ВИДЕО) Героски: Најмалку една личност од македонската висока политика е замешана во аферата  Рекет

Во дебатната емисија 24 Анализа, новинарот Бранко Героски, кој прв почна да пишува за аферата Рекет, посочи дека во исказите на рекетираните бизнисмени има најмалку еден исказ со кој се посочува на една висока политичка фигура која е вмешана во криминалните дејанија. Тој смета дека не може да се каже оти нема вмешаност на политичари во аферата Рекет.

Се уште не би се согласил со дел од јавноста и новинарите кои велат, добро се докажа дека нема политичари кои се кривично одговорни. Да почекаме да заврши истрагата и во оној дел кај што се зборува за рекетирање на бизнисмени за наводен проект за пензионерски домови, при што се склучувани криминални договори и при што според моите сознанија има изјава на најмалку еден од бизнисмените кои биле жртва на таков рекет кој даде исказ во јавното обвинителство, каде што се посочува евентуално и на кривична одговорност на една личност од македонската висока политика, рече Героски.

Геровски не го откри името, туку најави дека ќе почека истрагата за случајот Рекет во делот на Меѓународниот сојуз да заврши и тогаш да се открие дали и каква улога имала таа личност во рекетирањето на бизнисмени за наводниот проект кој што го водел Бојан Јовановски Боки 13.