Новинарот Бранко Героски преку Фејсбук најави дека во 15:00 часот на порталот Плусинфо ќе објави нови детали во врска со случајот ,,Рекет 2″.
-ШТО САКА ДА БИДЕ ЗАЕВ – ПРЕМИЕР, ОБВИНИТЕЛ, ШЕРЛОК ХОЛМС ИЛИ ЗОРАН БУРЕВЕСНИК БОЖИНОВСКИ?
Утре во 15 часот на порталот Плусинфо.
Зошто премиерот Заев врши јавен притисок врз истрагата за случајот „Рекет 2“? Зошто го прејудицира нејзиниот исход?
Што изјавила заинтересирана странка во Јавното обвинителство? Дали е исплаќан редовен месечен рекет, затоа што сопственикот на „Диамед“ добивал закани дека ќе му се случи „црно сценарио“?
Кој е посредникот, „човекот со брада“?
Дали бранејќи го Ден Дончев, како што своевремено ја бранеше Катица Јанева за аферата „Рекет“, Заев повторно е во офсајд? – напиша Героски на Фејсбук.