Уредникот на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски, најави дека вечерва ќе ги открие со име и презиме и со документи сите оние кои се вплеткани во Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13.
– До кога мислите да се криете: Како е смислена шемата за извлекување пари за наводните проекти на Бојан Јовановски, преку авторски хонорари и директни исплати? Кои се лицата замешани или злоупотребени во оваа шема? Каков е нивниот политички бекграунд? Читајте, овој пат без псевдоними, туку со имиња и презимиња! Со документи! – напиша Героски на Фејсбук.