Шокантната изјава на специјалната обвинителка Јанева јас ја разбирам како мала, суптилна и исклучително опасна порака упатена до ДУИ, со шмек на закана – можно е бомбите на „Ел Чека“ да се од СЈО и не можам да гарантирам дека бомбашката кампања нема да продолжи. Мисли ли Катица, или некој поумен од неа, на последиците, напиша Бранко Героски во својата последна колумна на Плус Инфо.
Шокиран сум од изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која потврди дека е можно дел од бомбите што ги објавува „Ел Чеко“ на Фејсбук да се од фондот со кој располага СЈО и дека не може да гарантира дека тие од таму не се излезени.
Ау, по ѓаволите, што значи сега ова? Како ова да се разбере?
Мене ова ми личи на директна и прилично груба порака на Катица до Али Ахмети – јас не можам да ви гарантирам дека бомбите не се од кај нас и дека нема да продолжат да рокаат. Не се препознава ли една мала, суптилна, но многу опасна закана во таа изјава?
А и да не е порака или закана, легитимно е прашањето што утре можат да го постават од Мала Речица – о мој цуцја вогељ, Катице мори, како тоа да не можеш да гарантираш дека од СЈО не истекуваат „бомбите“? Па што можеш тогаш да ни гарантираш? Дека наместо бомби ќе рокаат мандолини?
Вели Јанева, се истражувало. Што има бре да се истражува? Колку што мене ми е познато, менаџирањето со овој опасен материјал, што поранешниот опозиционер и сегашен премиер Зоран Заев го предаде во СЈО, е прецизно уредено со прописи и со протоколи, чија цел е „бомбите“ да се користат само за истражните постапки, а не со нив да се забавува јавноста.
Целиот текст на Бранко Героски може да го прочитате ТУКА.