Македонија 17. јуни 2019. / 10:19

Героски: Како Коки и компанија рекeтираат со „бомби“ и се фалат со СЈО

Героски: Како Коки и компанија рекeтираат со „бомби“ и се фалат со СЈО

Мојата втора приказна за рекетарската група што сее страв низ Македонија, под наслов „Како Трајанка одбила да им даде општински пари на опасните рекетари Коки, Кики и компанија“ предизвика интересни реакции , пишува Бранко Героски во својата најнова колумна на Плусинфо

Ми се јавија неколку луѓе од градот во кој рекетарите, предводени од Коки и од нивниот голем спонзор од истиот град, неуспешно се обиделе да брцнат во општинската каса, за некаков проект за изградба на објект за социјални грижи (намерно ги изоставувам детаљите за тој проект и повторно ги предупредувам надобудните да не се истрчуваат). Сите ми ја потврдија приказната.

Но, истовремено, од нив слушнав нешто уште повознемирувачко во врска со овој „проект“. Ако рекетарите не успеале кај Трајанка, успеале во оној туристички центар, каде што и почна оваа сага, со онаа неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности, кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра.

Е, токму во тој град, членот на групата кого го крстив Мики, инаку локален партиски моќник, успеал во намерата општината, на Коки и на неговиот партнер и спонзор, да им додели атрактивна парцела, на дваесеттина метри од езерото, за изградба на таков објект. Нормално, парцелата е дадена бесплатно, заедно со сите пропратни дозволи. Но, наместо да се гради таков објект, слушам дека рекетариве парцелата ја продале за неверојатни 2 милиони евра, на градежна фирма од еден соседен туристички град. И така, таму сега се градел станбен комплекс од приземје, четири ката и поткровје.

Целата колумна на Бранко Героски можете да ја прочитате ТУКА.