Македонија 20. јуни 2019. / 20:43

Героски: Еве зошто СДСМ е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија

Героски: Еве зошто СДСМ е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија

Нема само Коки братчиња и другарчиња во врвовите на власта. Имам и јас овде-онде по некое пријателче, па ме известуваат луѓето дека мојот серијал за рекетарската банда што сее страв и трепет низ Македонија, „државниот врв“ внимателно го следи и дека „се очекуваат реакции“, пишува Бранко Героски во својата најнова колумна на Плус инфо.

Не сум баш убеден дека реакциите ќе бидат во духот на борбата против корупцијата и доброто владеење, но јасно ми е зошто моите приказни за Коки, Кики и компанија – иако напишани во стилот на класична фикција – толку сериозно ја загрижуваат власта. И токму затоа, во ова четврто продолжение на серијалот, чувствувам обврска и на вас, почитувани читатели, да ви објаснам зошто оваа корупциска афера ги тресе најмоќните луѓе во Македонија и зошто таа има потенцијал да им нанесе огромни штети.

Ботоксираниот веќе бил под истрага

Еден истражен орган на Република Македонија прв пат сериозно се занимава со активностите на Коки во нашата земја некаде во периодот од 2014 до 2016 година. Во тие последни години на режимот на Груевски, Скопје добива дојава од една меѓународна организација која се бори против криминалот и корупцијата, а особено против белосветските перачи на пари, за сомневање дека еден овдешен ботоксиран тип, кој често патува на релација Север – Југ (тогаш Македонија сѐ уште е југ, нели), се занимава не само со шверц на брендирана гардероба, туку пренесува и торби кеш преку границата, во двете насоки.

Нашиот орган задолжен да истражува случаи на перење пари, според моите сознанија, прилично совесно и детално ги испитал активностите на Коки и ги потврдил сомневањата дека парите доаѓаат од негов пријател од една поранешна југословенска република, но потекнуваат од далечна земја надвор од Европа. Тие сознанија се совпаѓаат со сомневањата на меѓународната организација што ја иницира истрагата.

Некои луѓе ми велат дека има новинари кои веќе пишувале за овие матни операции на Коки (не знам, не се сеќавам дека сум читал такви написи). Се тврди и тоа дека други новинари официјално барале информации за тие истраги, но органот задолжен да го испита случајот останал глув за таквите барања. Инаку, во тој период, токму Коки е главен актер на неколку измами на наивни и невини граѓани. Во тие измами, тој соработува со познати ликови од тогашниот џет-сет. Верувајте, навистина станува збор за епски измами, понекогаш и за крајно комични случаи, па можеби со нив ќе ве забавувам во некое од наредните продолженија на серијалов.

Целата колумна на Бранко Героски можете да ја прочитате ТУКА.