Македонија 16. април 2020. / 15:32

Героски до СДСМ: Не ви иде памет, другарчиња, а ве предупредив

Героски до СДСМ: Не ви иде памет, другарчиња, а ве предупредив

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен на ковид-19. Со денови, со недели Максо бара цело Куманово да биде ставено во карантин, напиша главниот и одговорен уредник на ,,Плус инфо”, Бранко Героски во неговата најнова колумна.

-Никој не го слуша. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска сега дава „експертско“ мислење дека тоа барало многу ресурси и дека нема да помогнело.

Е да… Сега да, сега веќе ништо не може да помогне. Сега работата полека ви излегува од контрола, другарки и другарчиња.

По средбата со градоначалникот на Куманово, во домашна изолација веќе се (или мора да бидат) премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Тие денеска (16 апил) не присуствувале на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Османи веќе потврди дека се самоизолирал. Потврди и Филипче. Ако се следат правилата на игра воспоставени токму од македонските здравствени власти, сите мора веќе да се во самоизолација. За нивно и за наше добро. Здравјето, сепак, е пред сѐ. Нивното, но и нашето.

И така, Македонија привремено ќе биде земја во која премиерот, вицепремиерот кој е лекар и министерот за здравство кој е лекар, како и двајцата лидери на најголемите политички партии, покрај градоначалници и пратеници, или се во изолација поради сомневање дека се заразиле со опасната болест, или, не дај боже, веќе се позитивни, пишува Героски во неговата колумна.

Целата колумна на Бранко Героски можете да ја прочитате ТУКА.