Датумот може до некаде да влијае врз расположението на гласачите во Република Македонија, иако јас не мислам дека тоа е некое преголемо влијание, посочи новинарот Бранко Героски во синоќешната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.
Моја лична проценка е дека најголем број на луѓето веќе имаат одлучено што ќе прават на денот на изборите, дали ќе гласаат дали нема, за кого ќе гласаат ако гласаат и така натаму. Но, можна е политичката злоупотреба и обид да евентуално позитивните сигнали – како што беше со овој позитивен извештај, да бидат употребени како еден вид на дел од пропагандата. Не ми се допадна реториката на СДСМ после таа одлука на ЕУ и тоа го кажав јавно, дека тоа е потврда на правиот пат нели, па се спомнува Заев и неговите дела и така натаму. Што ми дава за право да кажам да, ќе се злоупотребува извештајот за ЕУ и ќе има поличко профитирање од тој добар сигнал што го очекуваме, посочи Героски.