Македонија 12. март 2019. / 19:07

Героски: „Бомбите“ не смеат да бидат докази

Героски: „Бомбите“ не смеат да бидат докази

Новинарот Бранко Героски, во денешната колумна за „Плусинфо“ пишува дека бомбите, односно нелегално прибавените снимки морало и мора „да бидат третирани само како индиции врз основа на кои ќе се поведуваат истраги и ќе се обезбедуваат „цврсти“ докази“.

За жал, неодговорната власт и егзалтираната јавност ги прифатија „бомбите“ како докази со кои може слободно и мериторно да се „разнесе“ нечија судбина.

Е тоа така веќе не смее да биде! Тоа е спротивно на сите правни принципи. Европа таква „правда“ не познава и не признава. Во иднина, снимките мора да бидат само индиции, а СЈО не смее и нив и сознанијата добиени од истрагите да ги споделува со јавноста (со одбрана група новинари), со цел обвинетите да ги „суди“ во медиумите и на социјалните мрежи., пишува Героски.

Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

Во овој случај има две прекршувања: докази стекнати на нелегален начин, и кршење на човековите права со нелегално прислушување.

А клучното прашање што мора да се расчисти, покрај продолжувањето на мандатот на СЈО и неговото вкалапување во системот на контрола на власта (без што оваа чир-институција допрва ќе добива карактеристики на прек суд), е третманот на нелегално обезбедните аудиоснимки, кои во досегашните постапки беа прифатени како докази. Понекогаш, да не речам и почесто, во отсуство на други докази, овие снимки беа третирани и како крунски докази, врз основа на кои паднаа и првите пресуди.

ЛИНК до целата колумна на Героски.