Кој не почитува закон, со закон ќе се соочи!Конфучие? Ганди? Маркс? Рекс? (Рекс е кучето што го спаси Тито на Сутјеска, кога го ранија Германците.), пишува главниот уредник на Плус Инфо, Бранко Героски, за ајварот „Мамас“ кој е во сопственост на премиерот Заев.
Не бе, ова е мисла на другарот Зоран Заев. Нова пропагандна крилатица на ПВРСМ.
(ПВРСМ е – претседателот на Владата на Република Северна Македонија.)
Кажано во стилот сакам-кажам-не-знам-речам, но да не бараме влакно во јајцето, убаво се разбира што сакал авторот да каже – дека мора да се почитува законот.
Во ред, другар ПВРСМ. Во право си. Законот треба да се почитува. Законот важи за сите. И за тебе. Па затоа ти предлагам да ни дадеш личен пример и сега прв да се соочиш со законот.
А еве зошто…
Порталот ДоказМ објави интересни фоторафии, од кои научив дека мојот омилен ајвар „Мамас“ се продава и во Германија. Ја, натурлих! Еве го германскиот „Мамас“:
Hausgemachter ajvar! Ептен е убав, нели?
Арно ама, на етикетата од задната страна на теглата, пишува дека ајварот „Мамас“ е произведен во Republik Mazedonien. Еве да видиш, другар ПВРСМ, ако не си видел:
Да нема забуна, овој германскиов ајвар на сликава носи датум од 11 јануари 2020 година (тогаш е ставен на рафт во германска продавница), а рокот на траење му е до 2023 година.
Е сега, каде е заебот. На секоја тегла ајвар „Мамас“ што се продава во Македонија, може да се прочита дека ајварот е произведен во „Р. Северна Македонија“. Еве сличе:
Значи, Германците јадат ајвар „Мамас“ произведен во Република Македонија, а Македонците јадат ајвар „Мамас“ произведен во Република Северна Македонија!
Е како така, другар ПВРСМ Зоран Заев?
Јас мислам дека овде некој закон, некој пропис, ќе да е прекршен. И мислам дека и на германскиот „Мамас“ би требало да пишува Nordmazedonien. Ако веќе македонските производи треба да се декларираат дека се произведени во РСМ. И кога веќе другарот Заев се отепа повторувајќи „Северна Македонија“, кога треба и кога не треба…
Целиот текст на Бранко Героски можете да го прочитате ТУКА.