Македонија 26. септември 2019. / 09:49

Германскиот Бундестаг денеска ќе даде зелено светло за почеток на преговорите

Германскиот Бундестаг денеска ќе даде зелено светло за почеток на преговорите

Германскиот Бундестаг денеска и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а на седницата по покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој вчера во Берлин имаше средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристијан Петри од втората по големина политичка групација – партијата СДП.

Османи и Петри разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите, а вицепремиерот по средбата истакна дека добил охрабрувачка порака од германскиот пратен

Нова, охрабрувачка порака денеска ми пренесе г. Петри, дека и од пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот каде што се наоѓа нашата точка и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври, изјави Османи по средбата со Петри, изразувајќи благодарност за поддршката.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД завчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените. Одлуката била донесена на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

За почнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на следниот месец.

Оптимизам дека на Самитот на ЕУ во октомври ќе биде донесена позитивна одлука за старт на преговорите вчера изрази германскиот амбасадор Томас Герберих.