Македонија 11. јуни 2020. / 17:03

Германска европратеничка: Партиите во Македонија треба заеднички да се договорат за изборите

Германска европратеничка: Партиите во Македонија треба заеднички да се договорат за изборите

Германската европратеничка, членка на Комитетот за соработка со Македонија, Мерион Волсман, порача дека во време на неизвесност за Македонија, сите политички субјекти треба да покажат лидерски способности и заеднички да најдат нов ден за одржување на изборите.

Волсман, која доаѓа од ЦДУ, партијата на германската Канцеларка Ангела Меркел, истакнува, дека во процесот на одредување изборен ден прв и највисок приоритет треба да биде безбедноста на граѓаните.